Фудбал
„Џузепе Меаца“ грмеше, по шокантниот пораз од Болоња, Мората прецртал дури 10 играчи
Интер се чини дека на неколку кола до крајот ја загуби трката за титулата. Далеку е Јувентус напред. На осум кола до крајот „Старата дама“ има предност од 11 бодови, кои се чини дека се недостижни. Тоа стана јасно откако Интер доживеа шокантен пораз на домашен терен од Болоња со 2:1, иако водеше 1:0, а имаше и шанса за поголемо водство, но Лаутаро Мартинез не реализираше пенал.
По мечот, според италијанските медиуми, соблекувалната на „Џузепе Меаца“ грмеше. Антонио Конте и спортскиот директор Бепе Марота им одржале лекција на фудбалерите. По ова Марота прецртал дури 10 фудбалери.
Следната сезона најверојатно, во Интер нема да има место за Азамоа, Матијас Весино, Борха Валеро, Диего Годин, Роберто Гаљардини, Моузес, Алексис Занчез, Бираги, Падели и Ранокија.
„Тенката“ клупа е главниот проблем за Интер. Сезонава едно време беше лидер, но како одминуваше времето, со зголемувањето на бројот на повредени и заморот, резултатите почнаа да се влошуваат.