Фудбал
Дибала е единствениот кој моментно ја дели соблекувалната со Меси и Роналдо, го прашаа кој е подобар
Кристијано Роналдо и Лионел Меси се најдобри играчи на светот повеќе од десет години, а во моментов единствениот играч кој ја дели соблекувална со нив е Пауло Дибала.
Дибала изминативе 18 месеци го водеше нападот на Јувентус со Роналдо, додека изминатите неколку години играше со Меси во репрезентацијата на Аргентина.
Во интервју за „Гаурдијан“, „десетката“ на „Бјанконерите“, зборуваше за тоа како е да се игра со најдобрите фудбалери во светот, но одби да одговори на едно прашање.
„Луѓето го гледаат само врвот на ледениот брег, а не работата во позадина. Не ги освоивте сите тие трофеи затоа што имаа среќа. Знам дека луѓето ќе ми поставуваат такви прашања …“
„Кој е подобар? Не можам да одговорам“, одговори Дибала.
Дибала изјави дека беше многу блиску да го напушти Јувентус минатото лето и дека би сакал да остане во клубот од Торино дури по 2021 година кога му истекува договорот.
„Јас сум во клуб кој секогаш ме почитуваше. Среќен сум. Доаѓањето на Сари ми помогна. Сакав да останам, тоа ми даде сила кога не знаев што да правам“, рече големиот Аргентинец.
Дибала е одличен
оваа сезона и веќе е на двоцифрен учинок од 11 голови и 10 асистенции на 26 натпревари.