Connect with us

Фудбал

Дибала ги помина медицинските преглед, денес започнува да тренира

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала се бореше со коронавирусот повеќе од еден месец, но на крајот излезе како победник.

Јувентус пред неколку дена потврди дека Дибала повеќе не е позитивен на коронавирусот и дека конечно се опорави. Аргентинецот беше во домашна изолација повеќе од еден месец и беше тестиран неколку пати, но дури сега успеа да се опорави целосно.

Веднаш после тоа, Дибала рече дека ќе започне со тренинзи со тимот и дека не може да чека да добие дозвола да ја напушти куќата. Тој беше во карантин скоро два месеци и никогаш не го напушти домот.

Аргентинецот се појави вчера на лекарски преглед во центарот за обука на Јувентус, кој успешно го помина, и доби дозвола од клубот да се приклучи на тренинзите.

Тој ќе започне да тренира денес, но одделно од остатокот на тимот за да се врати во форма.