Фудбал
Дибала ќе се пензионира во Јувентус?
Италијанскиот клуб од Торино, Јувентус е подготвен да му покаже на Аргентинецот колку го ценат, со подготовка на нов договор, со кој би можел да остане во клубот до крајот на сезоната.
„Бјанконерите“ минатото лето планираа да се разделат со Дибала, но сега планираат да го задржат во клубот.
Италијанскиот шампион беше подготвен да го продаде Дибала, а на крајот од трансфер прозорецот преговараше со Тотенхем и Манчестер Јунајтед. На крајот, самиот фудбалер одби да го напушти Торино и потоа ги покажа своите вештини. Дибала си го врати местото во стартниот состав и забележа 34 гола и 12 асистенции на 34 натпревари.
Дваесет и шест-годишниот Аргентинец сака да го следи Алесандро Дел Пјеро и да стане легенда за Јуве. Според „Тутоспорт“, клубот и Дибала работат на продолжување на неговиот договор, кој истекува во 2022 година.
Се очекува секоја сезона да има постепено зголемување на платата со идеја фудбалерот да ја помине целата своја кариера на стадионот „Алијанц“.