Connect with us

Фудбал

Дибала: „Никој не очекуваше од мене да постигнам гол со десната нога“

Пауло Дибала синоќа беше херој на Јувентус, бидејќи со совој тог го донесе својот тив до победа против Милан (1-0) во 12. коло од Серија А.

Дибала влезе во игра во 55. минута откако го замени Роналдо, а во 77. минута постигна неочекуван гол.

Дибала го постигна голот со послабата нога, со десна нога, а по натпреварот изјави дека никој не можел да очекува од него дека ке шутира со десна нога.

„За сите нас беше важно да победиме без разлика кој ќе постигне гол. Ова не беше нашето најдобро издание, но важно беше што победивме и одиме кон одбрана на Скудетото. Милан не ја започна добро сезоната, но тие се Милан. Одличен тим со квалитетни играчи кој може да направи кој било тим да има проблеми“, рече Дибала, осврнувајќи се на голот.

„Никој не очекуваше да постигнам гол со десната нога. Кога топката ми пријде, морав да шутирам со десната нога и за среќа сè мина како што треба“.