Фудбал
Дибала се предомислува, сега сака да остане во Јувентус
Пауло Дибала нема намера да го напушти Јувентус.
Аргентинската sвезда Пауло Дибала ќе остане во Јувентус.
„Tuttosport“ пренесува дека Дибала, кој беше поврзан со заминувањето од Торино, сега е решен да остане во Јувентус.
Дибала беше блиску до трансфер во Тотенхем минатото лето, но сега се предомислува.
Вреди да се напомене дека Дибала во вторникот беше херој на Јувентус, во победата од 1:0 над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.