Ракомет
Дибиров: Вардар го чекаат тешки времиња – пари нема!
„Имавме многу тешка полусезона. Цела година имавме проблеми во Вардар, но и покрај тоа го освоивме трофејот во Лигата на шампиони. Сепак, вакви тешки времиња во Скопје одамна немало, па сите се прашувавме што е проблемот. Стојанче Стоилов беше долго време повреден, а потоа се појавија повредите и на Атман, Горбок, Калараш, Горпишин… Исто така, влијание имаше и промената на тренерот. Едвај ја чекавме оваа пауза во која ќе се обидеме да поправиме нешто за да имаме подобри резултати на пролет“, вели Дибиров.