Connect with us

Фудбал

Диего Годин оди во Англија, но не во Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Уругвај, Диего Годин, веројатно ќе го напушти Интер по само една сезона.

Годин пристигна во Интер нешто пред почетокот на оваа сезона од Атлетико Мадрид како слободен агент и потпиша договор до летото 2022 година. Но, Уругваецот не е многу задоволен од неговиот статус во Интер и веќе се шпекулира за неговото заминување.

Уругваецот се поврзуваше со Манчестер Јунајтед во претходните денови, но како што пишува „Калчомеркато“, Тотенхем покажа интерес за него. Жозе Мурињо сака искусен дефанзивец во својот тим, а Годин се чини како идеално решение.

Наводно, „Спарси“ веќе контактирале со Интер за да видат колкави ќе бидат трошоците за искусниот дефанзивец. Годин досега има одиграно 17 натпревари, но изгледа дека не му се допадна премногу во италијанскиот клуб.

Исто така, постојат шпекулации дека Валенсија е заинтересирана за Годин, но да го донесе на позајмица следната сезона. Но, од Интер одбија, и порачаа дека само продажба доаѓа во предвид.