Фудбал
Диего Коста може да заврши во затвор шест месеци!
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста се најде во голема неволја.
Шпанската даночна администрација побара шест месеци затворска казна за него, според извештајот на весникот АС.
Напаѓачот е обвинет за оштетување на државата Шпанија во износ од еден милион евра во однос на неговите права на слики, со користење на трета страна за да избегне плаќање на данок.
Овој случај трае веќе од една година, а се однесува на договорот меѓу Атлетико и Челзи, кога лондонскиот клуб го купи Бразилецот со шпански пасош во 2014 година.
Коста со години се соочува со голем број проблеми поради настаните на теренот, а сега се наоѓа во слични даночни проблеми како што биле Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Некои дури мислат дека Роналдо го напушти Реал токму заради тоа.
Иако се бара затворска казна во случајот „Коста“, треба да се напомене дека ваквите случаи често завршуваат со условна или парична казна.
Останува да го чекаме одговорот на Коста и неговиот адвокат.