Фудбал
Диего Марадона потпиша нов договор
Легендарниот Диего Армано Марадона на крајот се покажа како „полн погодок“ на Гимназија Ла Плата, тимот кој го презеде во септември
Денес овој аргентински клуб потврди дека Марадона ќе остане на чело на стручниот штаб до крајот на сезоната 2020/2021, бидејќи тие потпишаа нов договор.
Марадона дојде на кормилото на Гимназија во моментите кога се чинеше дека екипата ќе води грчевита борба за опстанок и многу веројатно ќе испадне од прваталига.
Сепак, Гимназија ќе продолжи да игра во Примера дивизион следната сезона.
Иако екипата на крајот играше подобро под Марадона, Гимназијата исто така се спаси со одлуката да нема испаѓањето во понизок ранг оваа сезона, поради прекинот на натпреварувањето предизвикано од новата пандемија на коронавирусот.
Te conocen como Pelusa, Barrilete cósmico, Dios, Diego, Diegote, capitán…
Pero para nosotros, sos un Tripero más y tu corazón ya es tan azul y blanco como el nuestro.
GIMNASIA2️⃣0️⃣2️⃣1️⃣MARADONA#Gimnasia133 pic.twitter.com/pGnlosKky4
— GIMNASIA ? (desde ?) (@gimnasiaoficial) June 3, 2020
Затоа, Марадона се согласи за нов едногодишен договор, а тоа за Гимансија пред сè донесе популарност и можности за спонзорски договори. Откако легендарниот Диего пристигна во Гимназијата, бројот на членови на клубот започна да расте, а направен е и спектакл во негова чест на секој гостински натпревар …