Connect with us

Фудбал

Диетмар Хоп – Од омразена личност до спасител од коронавирус

Сопственикот на Хофенхајм, Диетмар Хоп, би можел да стане еден од хероите во борбата против Коронавирусот.

Имено, според германските медиуми, се подготвува вакцина која треба да ја реши пандемијата на Коронавирус.

Вакцината ја подготвува „CureVac“, а еден од сопствениците е Диетмар Хоп, кој наводно ја стопирал продажбата на компанијата на Трамп.

Американскиот претседател се обиде да ја купи компанијата затоа што сакаше вакцина исклучиво за Америка, но Хоп запре сè.

„Ако сакаме да направиме ефикасна вакцина за Коронавирус, луѓето треба да бидат во солидарност едни со други“, рече Хоп во изјавата за медиумите.