Connect with us

Други спортови

Дијана Ѓоковиќ: „Мојот Новак е жртвено јагне!“

Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, едвај ги задржа солзите кога зборуваше за својот син. Таа рече дека Новак е жртвено јагне и дека нападот врз него бил политички, но му рекла „да остане свој“:

„Многу ми е тешко да поминам низ ова. Никој не заслужи ваков третман, особено не тој. Ова е политички став, дека не може да игра, тоа е скандал. Да го сместат во валкани хотели, да нама контакт со нас, е третман без преседан“, рече Дијана и додаде:

„Ова е чисто политички напад на Новак, за да не стане најдобар на сите времиња. Тој за мене е жртвено јагне, но и голем победник. Тој е некој кој е револуционер и кој го менува овој свет. Се надеваме дека ќе остане психички здрав и дека нема да ги загуби крилјата. Ќе го поддржиме со молитви и порака: Остани свој!“

Таа додаде дека се слушнала со Новак и открила дека тој е во „ужасна состојба“.

„Разговаравме накратко, се обиде да спие, но не може. Се надевам дека ќе остане силен и ќе продолжи да победува. Тој е во страшно сместување. Некој хотел за имигранти, полн со болви и со ужасна храна.“

Реклама

Facebook

Реклама