Тајмаут
Дилета Леота објави фотографија од пред една година: Тоа и недостасува
Не знаевме што имавме сè додека не изгубивме. Ова е случај и со малите нешта што на сите ни недостасуваат денес, кога сите сме во изолација.
Ако ја прашате згодната италијанска презентерка Дилето Леота, прошетката на плажа би била совршена денес, но поради пандемијата на коронавирус, таа мора да се сеќава на поранешните прошетки.
„Помина една година од оваа фотографија и никогаш не помислив дека ќе посакам толку едноставна прошетка во плажа. Едноставните работи се најнеобични“, напиша Дилета на фотографијата на плажа во бел фустан.
Целата сцена е убава, зарем не?
Дилета, исто така, се пошегува за користење на една апликациите за постар изглед на лицето, па на фотографија од неа со нејзиното момче стави опис: „Пред и после карантинот“.