Кошарка
Димитријевиќ беше меѓу најдобрите – Хувентуд остануваат перфектни во Еврокупот
Кошаркарите на Хувентуд ја запишаа четвртата победа во Еврокупот. Mакедонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, продолжи со одличните настапи откако во четвртото коло стигна и до четвртата победа, на домашен терен против Венеција со 92-78.
Гостите добро го отворија мечот и првата четвртина ја реализираа со 26-24, но останатите 30 минути минаа во знакот на домаќините кои беа најмногу расположени во третиот период кој го добија со 28-20 и со тоа си го отворија патот до посакуваниот резултат.
Во следното коло наредната седмица, Хувентуд и Димитријевиќ ќе гостуваат кај Уникс Казан.