Поврзи се со нас

Кошарка

Димитријевиќ блескаше во Истанбул – доминацијата на Хувентуд во Истанбул

Тимот на македонскиот плејмејкер реди победи во Еврокупот. Хувентуд убедливо победи со 91-72 на гостувањето кај Бахчешехир Колеџ Истанбул во натпревар од Еврокупот.  гостите од Шпанија покажаа дека се дојдени по триумфот уште во првата четвртина, во која создадоа двоцифрена предност со резултат 16:28.

Нашиот Нено Димитријевиќ одново блескаше во својот тим и беше еден од најдобрите на паркетот, завршувајќи го мечот во Турција со 13 поени, 8 асистенции и 3 украдени топки.

После три кола во групата А, Хувентуд е лидер на табелата со максимални 6 бода. Во следното коло, каталонскиот тим игра дома против Умана Рејер од Венеција.

Advertisement