Connect with us

Ракомет

Димитриоски: Овој Вардар е составен од борци, од момци кои никогаш не се откажуваат

Младиот ракометар на Вардар Димитар Димитриоски е личноста со која СЕХА лигата направи интерјув наречено „7м“. Во него тој зборува за преселбата од Металург во лутиот ривал Вардар, за сезоната, но и за неговите секашни соиграчи.

СЕХА лигата го претстави како талентиран 22-годишник со извонредна брзина и експлозивност. Го покажува својот потенцијал уште од моментот кога се приклучи на „Црвено и црното“ семејство.

Тој за сегашната тешка ситуација во Вардар, поради откажувањето на Самсоненко и заминувањето на неколку играчи вели дека секашниот тим е состабен од борци, односно момци кои никогаш не се откажуваат.

Воедно вели дека една од причините за доаѓањето во Вардар, била да научи од момците како што се Дибиров, Шишкарев и Чупиќ.

-Тие се играчи од светска класа и јас се обидувам да научам колку што можам повеќе од нив, бидејќи тоа го гледам како начин да станам подобар играч, вели Димитриоски.

За споредбата на Металург и Вардар вели:

-Во Металург бевме млад тим кој се бори во СЕХА и во ЛШ. Вардар е поголем клуб со поголеми амбиции и мислам дека двата тима не се споредуваат. Млад тим не може навистина да се спореди со владеењето во СЕХА и Лигата на шампионите, вели Димитриоски во интервјуто.

Целото интервју на следниот ЛИНК.