Connect with us

Фудбал

Динамо Киев брутално го осуди потегот на Фенербахче: Не се плашиме да му кажеме на целиот свет дека им помагате на убијците

Фудбалерите на Фенербахче отпатуваа во Русија на подготвителен турнир, а по тој повод излезе најголемиот украински клуб Динамо од Киев кој силно го критикуваше потегот на Турците.

Тимот од Киев, во остра порака истакнаа дека крвта сега е и на рацете на Фенербахче, а дека парите на Газпром ги оставиле без чест и совест.

„Руските гранати убиваат Украинци секој ден, целиот цивилизиран свет е против тоа, а вашиот клуб прифаќа покана од Русија, и спонзорира тероризам, се наведува меѓу другото во соопштението на познатиот клуб и се додава:

-УЕФА и ФИФА ги избркаа Русите од меѓународни натпревари, а вие одете кај нив да заработите и да играте со агресорот. Ништо не може да го оправда овој чекор, ниту една сума пари не може да го надомести срамното однесување и патување кон убијци без морални и човечки квалитети.

Не се плашиме да му кажеме на целиот свет дека им помагате на убијците да ја продолжат својата крвава кампања на украинска територија. Си поигрувате со нив и го оправдувате најголемото злосторство на 21 век, срам да ви е“, пишува во изданието на киевски Динамо.