Connect with us

Фудбал

Динамо (Москва) веќе му дише во врат на Зенит

Динамо (Москва) со полна сила ја продолжува борбата за титулата во Премиер лигата на Русија. Алумните на Сандро Шварц победија со 2-0 на домашен терен од Ахмат (Грозни) во 25. коло и на тој начин се израмнија во бодови со лидерот Зенит, кој, сепак, има натпревар помалку.

Динамо постигна успех со голови во вториот дел. Головите ги постигнаа Фјодор Смолов во 59. минута и Константин Тјукавин во 79. минута од натпреварот.

Со оваа победа Динамо има 52 бода и го дели првото место со Зенит. Ахмат останува на 8. место на табелата со 32 бода.

Реклама

Facebook