Connect with us

Фудбал

Директор на Наполи: Зборувањето за Ибра лошо влијае на нашите играчи

По изјавата на Аурелио Де Лаурентис вчера, трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Наполи повеќе не изгледа како фантазија. Претседателот на италијанскиот клуб не криеше дека вечерал со Ибра во Лос Анџелес. Дури и самиот 38-годишен напаѓач навести дека може да игра за Наполи.

Кристијано Џунтоли, директорот на клубот од Неапол во интервју за „Скај Спорт“ ги призна контактите меѓу Ибрахимовиќ и Анчелоти.

„Некои размислувања од Златан се очигледно убави, но никогаш не сум го запознал. Знам дека разговара со Анчелоти по телефон, бидејќи тие имаат добра врска. Нашиот тренер има направено многу за фудбалот, затоа комуницира со толку многу фудбалери“.

Сепак, стравот на спортскиот директор е на друго место. Според него, да се зборува премногу за Ибрахимовиќ во моментот може да влијае на перформансите на другите играчи, кои моментно се во составот.

„Зборувањето за Ибрахимовиќ сега лошо влијае на нашите играчи“. Во напад, од друга страна, Неапол има многу алтернативи. Анчелоти може да смета на Љоренте, Милик, Мертенс, Инсиње и Лозано. Значи, накратко, Ибрахимовиќ би бил црешата на торта.