Connect with us

Фудбал

Директор на ПСЖ: Мбапе не е расипано дете, тој е посветен човек

Килијан Мбапе е критикуван за неговото однесување по расправијата со тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, откако тој реши да го замени за време на натпреварот во Лига 1.

Сепак, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо застана во одбрана на францускиот напаѓач и го пофали за неговата личност.

„Слушнав што се зборува за Мбапен, за неговата личност. Тие работи се засрамувачки“, рече Леонардо во интервјуто за „Канал +“.

„Ако некој играч излезе од теренот и разговара со тренерот, тогаш тоа е негова вина. Ќе разговараме за ова и ќе го решиме“.

„Но, не можам да прифатам да го наречам расипано дете затоа што е симпатична личност, тој е многу посветен и тој е фантастичен играч“.

Леонардо продолжи да тврди дека ПСЖ има двајца најдобри играчи во светот – Мбапен и Нејмар – и истакна дека имаат состав исполнет со квалитетни играчи.

„Се работи за 35-годишник (Кристијано Роналдо) и 32-годишник (Лионел Меси), а другите двајца најдобри играчи се 28-годишник (Нејмари) и 21-годишник (Мбапе) и тие се со нас“, додаде Леонардо.

„Да уживаме во ова, јас сум среќен спортски директор. Треба да го искористиме тоа и да престанеме да зборуваме само за проблеми“.

„Велат дека клубот не знае како да ги искористи своите sвезди и јас сакам да ги разберам причините за ова тврдење затоа што имаме право да бидеме среќни од време на време“.

„Имаме одличен тим и нашите играчи се здрави и во форма. Зошто треба да се грижиме секогаш кога се приближува 1/8 фаза од финалето во Лигата на шампионите? Тоа не е прашање на живот или смрт“.