Connect with us

Други спортови

Директорот на Австралија опен призна дека го фаворизира Федерер

Директорот на првиот грен слем турнир Австралија опен, Крег Тили не чечаше многу за да се огласи, односно да му одговори на францускиот тенисер Жулијан Бенето зошто Роже Федерер има посебен третман на ова натпреварување.

Бенето детално објасни на кој начин го гледа фаворизирањето на Федерер на турнирот во Мелбурн.

-Роже 12 или 13 пати од вкупно 14 натпревари на Австралија опен ги одигра во вечерниот термин. На истиот ден Федерер играше против Штруф, а Ѓоковиќ против Монфилс. Немам ништо против Штруф, одлично момче, но сигурно сите би се сложиле дека Ѓоковиќ и Монфилс требаа да играат во вечерниот термин од 19.30 часот. Меѓутоа, тие играа од 14.40 часот по најголемата горештина, изјави Бенето.

Тили на ова одговори на многу невообичаен начин, а не ни криеше дека го фаворизира Федерер.

-Кога се прави распоредот на тениските натпревари, директорот на турнирот ги разгледува сите фактори. Играчите и навивачите се приоритет. Но и меѓу овие групи има и многу различни барања.Тој распоред се прави така што се гледа дали самите играчи се повредени или пак имаат здравствени проблеми, па се до барањето на телевизиските куќи за преносите чија програма мора да биде испочитувана заради нивниот посебен пазар. Мора да се предвиди и должината на натпреварот, некогаш и со денови однапред, па се до секојдневните работи што се однесуваат на промена на временските услови. Што се однесува до играчите мора да се каже дека Роже Федерер е тенисер кој не се гледа толку често и кој се смета за еден од финансиски најисплатливите спортисти во светот. Години наназад Австралијанците го бираат за најомилен спортист. Навивачите сакаат да го гледаат на најголемиот стадион, а ТВ куќите сакаат неговите натпревари да бидат во ударните термини. И мислам дека нема директор на некој турнир кој не би ги земал тие фактори во предвид. Тоа е случај со сите големи имиња во светот на тенисот и спортот воопшто, изјави Тили.

Роже има освоено вкупно 20. грен слем титули од кои шест на Австралија опен ( 2004, 2006, 2007, 2010, 2017 и 2018 година)