Connect with us

Фудбал

Директорот на Интер за Модриќ: Кој е тој?

Веќе со недели Интер се поврзува со Лука Модриќ, но сега веќе станува јасно дека Хрватот нема да го напушти Реал Мадрид.

После големиот успех со Хрватска во Русија и освоениот сребрен медал на Светското првенство, се појавиа шпекулациите за трансфер на Модриќ во Интер, но на крајот ништо не се случи иако во еден момент беше блиску до трансфер.

Непосредно пред синоќешниот натпревар помеѓу  Интер и Торино (2:2), директорот на Интер Пјеро Аусилио го прашаа дали Модриќ се уште е приоритет на клубот од Милано.

„Кој? Подобро да зборуваме за фудбалот. Ние сме задоволни со екипата која ја составивме ова лето, целта ни беше да се обидеме да ја поправиме екипата во сите сегменти на играта и да донесеме играчи кои недостасуваа во екипата, посебно во смисла на искуството“ рече Аусилио, па додаде:

„Желбата ни беше да имаме неколку алтернативи во нападот за да бидеме непредвидливи“.

Аусилио смета дека Интер сега е комплетен, но не делува така после само еден освоен бод во две кола. Миланскиот клуб беше поразен од Сасуоло, а потоа освоиа бод против Торино на „Џузепе Меаца“ иако водеа со 2:0.