Connect with us

Фудбал

Директорот на Торино ги стиши гласините за Белоти

Спортскиот директор на Торино, Давиде Вагнати изјави дека не добил ниту една понуда за напаѓачот Андреа Белоти.

Во последните неколку месеци на Апенините пишуваа дека Белоти би можел да го засили Интер, особено затоа што заминувањето на Лаутаро Мартинез во Барселона е сигурно, но Вагнати сега ги стиши тие гласини.

Тој за „Sky Sport Italia“ изјави дека тоа се само шпекулации во медиумите и дека тој всушност немал контакт со ниту еден клуб, вклучувајќи го и Интер.

„Белоти е важен играч. Читав многу за него дека можа да си заминам, што не е изненадувачки со оглед на неговите квалитети, но не добив никакаков повик“, рече Вагнати.

До крајот на сезоната, Белоти постигна девет гола на 23 одиграни натпревари во Серија А, а исто така игра клучна улога во пласманот на Италија на Европското првенство, што ќе се одржи следното лето.