Connect with us

Фудбал

Дивјачки старт на Бејл: На никој не му беше јасно зошто не доби црвениот картон

Навивачите на Реал Мадрид синоќа ремизираа на домашен терен против Селта Виго (2:2) во 24. коло од Ла Лига.

Кралскиот клуб успеа да стигне до пресврт за 2:1 со головите на Крос и Рамос во второто полувреме, но Селта успеа да озвои еден бод со голот на Сантијаго Мина за 2:2 во самиот финиш на натпреварот.

Но, еден од деталите што го одбележа натпреварот се случи во 72. минута. Герет Бејл го покози Рафиња од зад грб на теренот и сите беа сигурни дека ќе добие црвен картон, но судијата му покажа жолт картон.

Бејл се врати во тимот по неколку натпревари што ги гледаше од клупата, но и синоќа не беше нешто посебно добар. Ја истури својата фрустрација врз Рафиња и само една чудна одлука на судијата го спаси од суспензија.