Ракомет
Дизингер разочаран: Во Скопје можеби може да се живее и со 300 евра…Само чудо може да ме задржи во „Вардар“
Европскиот ракометен шампион „Вардар“ минува низ нова неизвесна сезона по која е голема дилема како наесен ќе изгледаат „црвено-црните“.
Дел од играчите веќе потпишаа договори со други клубови и сигурно ќе заминат од Скопје во јуни, а последен кој проговори за незавидната положба е Германецот Кристијан Дизингер.
„Минуваме низ тежок период. Добар дел од играчите речиси шест месеци немаме земено плата. Добиваме пари само за основни трошоци. Во Скопје можеби може да се живее и со 300 евра, но ние ги сакаме заработените пари. Тоа е причината што дел од играчите веќе најдоа нови клубови. Само чудо може да ме задржи во „Вардар“ и за наредната сезона“, дециден е Дизингер.
Неговиот договор со двократниот европски првак завршува на крајот на оваа сезона.