Ракомет
До крајот на европското, Словенија остана без најдобриот играч и капитен на тимот
Словенската ракометна репрезентација претрпе сериозен удар пред второто коло на европското ракометно првенство.
До крајот на турнирот остануваат без најискусниот играч во тимот и капитенот Вид Кавтичник. 35-годишниот десен бек претрпе повреда на листот во загревањето пред мечот против Швајцарија во вторникот.
„За жал, ми се случи комплетно неочекувана повреда. Јас сум многу разочаран и тажен што нема да можам да му помогнам на тимот во продолжението на турнирот. Имав огромна желба да играм во одлична атмосфера на ова европско првенство и да останам со тимот до крајот на турнирот, но тоа нема да се случи“, рече Кавтичник, пренесуваат словенечките медиуми.
Словенците победија во второто коло против Шведска, Швајцарија и Полска.