Фудбал
Доаѓа без обештетување, но Погба Јуве ќе го чини 80 милиони евра
И покрај тоа што во Јувентус ќе дојде како слободен играч од Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе ја чини „старата дама“ околу 80 милиони евра, објави „Газета дело спорт“.
Како што се наведува, Французинот ќе потпише четиригодишен договор според кој треба да заработува десет милиони евра по сезона.
Сепак, целата зделка, вклучувајќи го договорот, бонусите, процентите на агентите и другите трошоци, треба да биде во вредност од околу 80 милиони евра.
По смртта на агентот на Погба, Мина Рајола, преговорите со Јувентус ги презеде професорот по право Рафаел Пименто.