Фудбал
Доаѓаат доларите од Катар, италијански тим станува како ПСЖ и Манчестер Сити?!
Наскоро италијански тим би можел да стане гигант, кога се во прашање парите. Нешто слично гледаме во Манчестер Сити и ПСЖ, чии сопственици се богати Арапи, а најави има и за Њукасл.
Но, последните информации велат дека и Парма би можела наскоро да добие богати сопственици од Катар. Се спомнува фирмата „Ал Мана“, во сопственост на тројца браќа.

„Ал Мана“ не основана 1951 година од страна на нивниот починат татко, а групацијата во моментов има над 3.500 вработени ширум светот и над 55 различни компании. Се занимаваат со економски услуги, недвижнини, малопродажба, прехранбена индустрија, дистрибуција на пијалоци, инќенеринг, медиуми, забава и маркетинг.
Имаат преку 300 продавници во Катар, а главни застапници се на Емпорио Армани, Долче и Габана, Зара, Манго, Сефора, Диор исто така се увозници на Нисан, Инфинити и Рено.
Според информациите, „Ал Мана“ ќе стане мнозински сопственик на Парма, а луѓето кои го донесоа клубот од Серие Д во Серие А во наредните пет години ќе останат во екипата и ќе им помагаат на новите сопственици.