Поврзи се со нас

Фудбал

ДОБИ КАЗНА: Ристовски избркан од првиот тим на Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски нема добро време во Лисабон. Причина за тоа е одлуката на тренерот на Спортинг, Рубин Аморим, него и Рафаел Камачо да ги елиминира од првиот тим и да ги испрати во Б-екипата.

Двајцата играчи неодамна одбија да направат трансфер и да си заминат во клубот, па ова е казната за која се одлучи управата на нивниот клуб.

Медиумот пишува дека наскоро овие двајца фудбалери ќе го напуштат португалскиот гигант, а засега не е познато каде ќе ги продолжат кариерите.

loading...

Facebook