Фудбал
Добитникот на „Златната топка“ го пропушта Светското првенство за прв пат по 44 години
Ѕвездата на Реал Мадрид и Франција, Карим Бензема нема да игра на Светското фудбалско првенство во Катар. Ова го соопшти Француската фудбалска федерација.
Носителот на „Златната топка“ за 2022 година има повреда на мускулот, поради која на самиот почеток го напушти тренингот на тимот во саботата.
Reigning Ballon d’Or winner Karim Benzema will miss the World Cup.
He will be the first reigning Ballon d'Or winner to miss the World Cup since Allan Simonsen (Denmark, did not qualify) in 1978. pic.twitter.com/I6UHmXBjMR
— ESPN Stats & Info (@ESPNStatsInfo) November 19, 2022
Отсуството на Бензема значи дека за прв пат по 1978 година, актуелниот освојувач на Златната топка нема да игра на Светско првенство.
Последен таков случај беше со Данецот Алан Симонсен, кој не играше на Светското првенство во 1978 година, бидејќи неговата репрезентација не успеа да се пласира на турнирот.
Светското првенство започнува со натпреварот меѓу домаќинот Катар и Еквадор од 19 часот по македонско време.