Ракомет
„Добредојде Алиса – Ваквите тестови универзумот ги дава на најсилните“, напиша Циндриќ
Поранешниот ракометар на Вардар и на Металург, Хрватот Лука Циндриќ (26) стана татко. Тој и неговата девојка Лара Стипетиќ станаа родители, на свет дојде нивната ќеркичка, Алиса.
Ракометарот веста ја објави на инстаграм и напиша: Ваквите тестови универзумот ги дава на најсилните. Алиса, добредојде на овој убав свет!