Connect with us

Фудбал

Добри вести, сите фудбалери на Работнички се негативни на коронавирус

ФК Работнички продолжува со активности откако резултатите од тестирањето на Covid-19 покажаа дека сите тестирани се негативни. По извршените тестови, фудбалерите и стручниот штаб можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи. Активностите продолжуваат со почитување на протоколите и тренинзи во мали групи.

Во наредниот период ФК Работнички очекува комплетирање на стручниот штаб и на играчкиот погон со тренерот Ратко Достаниќ и со Драшко Ѓорѓевиќ кои заминаа во родната земја за време на пандемијата со коронавирусот.

Извор ФК Работнички