Connect with us

Фудбал

Добри вести за Мурињо, напаѓачот подготвен да игра против „неговиот“ Манчестер Јунајтед

Хари Кејн е подготвен да игра како стартер во утрешниот натпревар против Манчестер Јунајтед. Веста ја потврди менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо, кој утре уште еднаш ќе биде на клупата на друг тим против „неговиот“ Манчестер Јунајтед.

– Хари Кејн не играше фудбал повеќе од шест месеци, но работи многу напорно. Можам да ви кажам дека нема проблем. Дали е во топ форма? Не знаеме. Малку тренинзи со нашите пријатели од Норвич не можат да ни го кажат тоа. Тој е неверојатен професионалец и тој ќе биде стартер утре,изјави Специјалниот.

Хјун-Мин Сон, кој исто така се опорави од повредата, ќе биде во нападот на Тотенхем. Сепак, Џовани Ло Селсо е под знак прашалник.

Мурињо на клупата на Манчестер Јунајтед седеше од 2016-та до 2018-та.