Фудбал
Добри вести за навивачите, Бензема рекол „ДА“
Договорот на Карим Бензема со Реал Мадрид му истекува во јуни 2021 година. Сепак, според шпанскиот весник „АС“ двете страни се согласиле соработката да биде продолжена за уште една сезона, односно до 2022 година. Со оглед на тоа дека има 32 години, почитувано е правилото на клубот на фудбалерите кои што се „искусни“ договорот да им се продолжува на една година.
Договорено е соработката да се официјализира по завршувањето на оваа сезона.