Connect with us

Фудбал

Добри вести за навивачите на Барселона, лоши за Трајковски, Меси е подготвен

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, кој заработи помала повреда на мискулот на една недела пред продолжението на шпанското првенство, е подготвен, изјави тренерот Кике Сетиен. Покрај тоа што имаше болки во мускулите, Меси ќе игра против Мајорка во сабота.

Шпанската лига ќе продолжи во среда, по тримесечна пауза која беше предизвикана поради пандемијата со коронавирусот, а првиот меч ќе биде Рајо Валјекано против Албасете.

Како што е познато за Мајорка настапува нашиот фудбалер Александар Трајковски. Мајорка е домаќин, а мечот се игра во сабота од 22 часот без публика.