Тајмаут
Додека Европа стравува, sвездата на Реал отвора елитен ресторан
Европа е на нозе поради пандемијата на коронавирус, но се чини дека некои не се грижат многу за тоа и воопшто не се загрижени.
Герет Бејл ја продолжува кариерата како претприемач и наскоро ќе го овори својот втор ресторан Кардиф. Овој пат, голфот ќе биде во првите редови, а ресторанот ќе се вика Пар 59.
Велшанецот неколку пати патувал во Кардиф во последните неколку месеци за да се погрижи работата да се изврши како што сака, особено во поглед на дизајнот и ентериерот на објектот.
„Нема да бидам фудбалер засекогаш, затоа ме интересира овој вид бизнис, особено во Велс“, рече Бејл пред неколку месеци.

„Овој ресторан им дава можност на луѓето да се зближат кои сакаат да излезат надвор, да пијат пијалок и да играат голф, што е страст за многумина“, додаде тој.
Ресторанот ќе се наоѓа во подрумот на една од зградите во центарот на градот Кардиф и главната атракција ќе биде можноста да се игра голф на мини-терен.