Фудбал
Додека Интер се двоуми, Милан се вклучува во трката за „Новиот Пирло“
Младиот фудбалер на Бреша и италијанската репрезентација Сандро Тонали во изминатиот период се спомнуваше како сигурно засилување за Интер за следната сезона. „Новиот Пирло“, како што го нарекуваат во Италија, пред се поради стилот на играта, се согласил да се пресели на „Џузепе Меаца“, но сепак 50-те милиони кои ги бара Бреша се многу за Интер.
Целата ситуација се обидува да ја искористи Милан. Градскиот ривал на „Нероаѕурите“ според италијанските медиуми нема да жалат средства, па како што велат тие, можно е да се случи пресврт, па наместо во Интер, Тонали да заврши во Милан.