Фудбал
Додека сите гледаат во Меси и Барселона, во Реал Мадрид има сериозен проблем
Шпанската, но и светската спортска јавност деновиве е фокусирана на случувањата во Барселона и најавеното заминување на Лионел Меси. Сепак, додека јавноста се занимава со ова, големиот противник на Барселона, исто така има свој проблем. Се вика Герет Бејл.
Велшанецот не се согласува клубот да го продаде. Не се согласува на било каков разговор со раководството со тимот на тема заминување, а за него постои само една опција и тоа јасно го порачал.

-Исплатете ме и ќе заминам.
За да го стори тоа, на Реал Мадрид ќе му биде потребна поголема сума на пари. Бејл заработува 17 милиони евра годишно, а има уште две сезони да одработи. Тоа значи дека на Бејл треба да му платат цели 34 милиони евра за да замине.
Тој не сака да го смени својот став, а на Реал Мадрид останува да одлучи дали ќе го плаќа, а нема да игра, или ќе го исплати и тој ќе замине.