Фудбал
Договорен трансферот на Марез – Лестер ќе добие 68 милиони евра
Ријад Марез конечно го напушта Лестер.
Менаџерот на овој клуб постигна договор со Манчестер Сити, а Марез ќе стане член на Граѓаните.
Официјалниот трансфер ќе биде потврден во следните 48 часа, а Сити ќе одвои 68 милиони евра за услугите на овој 27-годишен играч.
Марез стана член на Лестер во 2014 година. Тој пристигнал за нешто повеќе од половина милион евра од Ле Авр и го предводеше тимот до титулата шампион на Англија во 2016 година.
Неговата цена веднаш се зголеми, беше многу блиску до заминување на Етихад во јануари оваа година, но трансферот не успеа.
Сепак, сега сé е договорено и ќе стане член на Сити.