Connect with us

Други спортови

Договорена борбата меѓу Кро Кап и Нелсон

Најдобриот хрватски борец, Мирко Филиповиќ, познат како Кро Кап, конечно ќе дебитира во Белатор. Неговото деби во втората најсилна ММА организација ќе биде на 16 февруари наредната година, објави новинарот на ЕСПН, Ариел Хелвани. Противник на Кро Кап ќе му биде Рој Нелсон, ривал од кој загуби во 2011 година, во Лас Вегас.

Реваншот требаше да се одржи во мај оваа година, во Лондон, но седум дена пред борбата Кро Кап се повреди, поради што мечот беше откажан. Филиповиќ исто така требаше да се врати во рингот за Нова година, во Јапонија, но борбата му пропадна, откако на манифестација реши да учествува боксерот Флојд Мејведер, поради што организаторите останаа без пари за да ги платат другите борци.

Борбата на Кро Кап и Нелсон треба да се одржи во американската сојузна држава Конектикат.