Фудбал
Договорот е постигнат, Реал обезбеди sвезда за 55 милиони евра
Ван де Бик наскоро ќе биде играч на Реал Мадрид.
Според „Де Телеграф“, играчот од средниот ред на Ајакс постигнал договор со „Лос Бланкос“ и ќе се пресели во „Бернабеу“ во јуни.
Двата клуба постигнаа договор и играчот ќе се пресели за 55 милиони евра во Реал. По преселбата на Де Јонг во Барселона минатото лето, уште еден талент на Ајакс е подготвен да лета за Шпанија.
22-годишната sвезда има постигнато осум гола и осум асистенции на 26 настапи во сите натпреварувања оваа сезона со Ајакс.