Тајмаут
Дојави за бомби во ФФМ, „Борис Трајковски“ и стадионот „Тоше Проески“
Утрово по пат на е-маил закани за поставени бомби се испратени и до спортски клубови, федерации, спортски центри и арени.
Утринава таква закана пристигнала во електронското сандаче на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), салата „Борис Трајковски“, како и на националната арена „Тодор Проески“ и фудбалските тимови Вардар и Работнички.
Ова значи привремен прекин на тренажните активности во двата спортски објекти, како и на работата на административците во Куќата на фудбалот.
Во содржината на испратениот е-маил пишува:
„Можеме ова да го правиме секој ден, го сакате ли ова? Бидејќи крајот не изгледа добро по вас и вашите деца, граѓани, луѓе. Или можете да решите конечно да ја направите вистинската одлука. Суспендирајте ги санкциите, е.ани гомна“, се вели во заканувачката порака.