Connect with us

Други спортови

Дојде како замена за Ѓоковиќ, а потоа лошо помина во првото коло на Австралија Опен

Тенисерот кој влезе во главната ждрепка на Австралија опен како замена за Новак Ѓоковиќ, Италијанецот Салваторе Карузо, не помина добро во првото коло.

Карузо го загуби мечот од Миомир Кечмановиќ за неполн час.

Тенисерот од Србија славеше со 0:3, а во сетови резултатот беше 4:6, 2:6, 1:6 за моментално 77. тенисер во светот.

Во второто коло Кечмановиќ ќе игра против подобриот од дуелот Кукушкин – Пол.