Connect with us

Фудбал

Дојде од Барселона во Јуве и порача: Сон ми беше да играм со Кристијано Роналдо

Артур Мело и официјално е промовиран во нов фудбалер на Јувентус. Зделката е реализирана уште одамна, а во спротивна насока замина Миралем Пјаниќ. Мело ќе го носи дресот со број 5, токму оној кој што го носеше босанскиот интернационалец.

Интересно е тоа што Мело играше во ист тим со Лионел Меси во Барселона, но неговата изјава на промоцијата ги изненади сите. Вели, сон му било да игра со Кристијано Роналдо.

-Имав привилегија да играм со многу големи играчи во кареирата, но да се игра со Роналдо е вистинско остварување на сонот, изјави Мело.