Connect with us

Фудбал

Дојде време да си заминам од „Енфилд“: Ориги договори се со новиот клуб

Дивок Ориги речиси сигурно ќе го напушти Ливерпул на крајот на оваа сезона.

26-годишниот напаѓач освои речиси се што можеше со Ливерпул, постигнувајќи неколку клучни голови за „црвените“, но не играше многу на „Енфилд“.

Ориги одлучи дека е време да си замине откако не сакаше да го продолжи договорот и на крајот од оваа сезона без обештетување ќе го напушти Ливерпул.

Интерес за Белгиецот во јануари покажаа неколку клубови, но потоа по наговор на Јирген Клоп тој реши да остане до крајот на сезоната. Досега одигра само 14 натпревари во сите натпреварувања, но успеа да постигне пет гола и да додаде три асистенции.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Ориги најверојатно кариерата ќе ја продолжи во италијанската Серија А.

На почетокот на зимата се поврзуваше со Интер, но на крајот немаше ништо. Сепак, се чини дека Сан Сиро се уште е во игра бидејќи со Милан договорил речиси се, а се очекува да потпише тригодишен договор со Росонерите.

Фабрицио Романо потврди дека Ориги и Милан веќе извесно време се во контакт и откри дека веќе постигнал усмен договор.