Connect with us

Фудбал

Дојдов, видов, победив, Халанд за едно полувреме два гола, а потоа излезе (ВИДЕО)

Манчестер Сити забележа победа против Лестер со 3:1 благодарејќи пред се на двата гола на Халанд во првото полувреме. За 25 минути Сити постигна три гола, првиот беше дело на Стоунс, а потоа Халанд два пати стрелаше од кои еден од пенал. Тоа беше знак дека ја завршил својата работа, па со оглед на тоа дека следната недела следува реванш против Баерн Минхен во ЛШ, Гвардиола го извади Халанд на полувремето. До крајот на мечот Ихеначо постигна гол само за ублажување на поразот и конечни 3:1.