Фудбал
Дојдов, видов, победив-Лаутаро Мартинез влезе во игра во вториот дел, постигна четири голови, прв играч на кој му успеало тоа во Серија А (ВИДЕО)
Интер славеше со 4:0 на гостувањето кај Салернитана и сега повторно е на врвот, иако имаат ист број бодови со градскиот ривал Милан, по 18, но сепак има далеку подобра гол разлика. Но, ништо не наслутуваше на ваквиот резултат. Првиот дел помина доста израмнето, Салернитана дури имаше конкретни шанси. Сепак, во вториот дел тренерот на Интер, Симоне Инзаги направи неколку измени кои се покажаа како клучни. Во игра влезе Лаутаро Мартинез, кој беше на клупата, бидејќи Инзаги одлучи да го одмори за дуелот во вторник против Бенфика во ЛШ. Во игра влезе и Мхтаријан, па темпото на Интер живна.
Лаутаро Мартинез беше стрелец на четири голови, еден од пенал, за победа од 4:0. Ова е прв пат во историјата на Серија А фудбалер кој бил резерва, односно на клупата, да влезе во вториот дел и да постигне четири голови. Ова секако е и прв пат за Лаутаро на еден меч да постигне четири голови.