Поврзи се со нас

Фудбал

„Доколку Клоп беше црнец или Англичанец, тој веќе ќе беше отпуштен од Ливерпул

Ливерпул не започна најдобро во Премиер лигата оваа сезона, а сите беа шокирани од тешкиот пораз против Астон Вила со 7: 2.

Но, и покрај тоа, „црвените“ се на третото место со 17 бода и имаат само еден бод помалку од лидерот на Лестер. Сепак, јасно е дека Ливерпул не е толку брилијантен како минатата сезона, но честите повреди ја отежнуваа работата на Јирген Клоп.

Поранешниот играч на Ливерпул, Џон Барнс зборуваше за игрите во Ливерпул за време на репрезентативната пауза. Тој очигледно не е воодушевен од сегашната форма на „црвените“ и шокираше многумина со својата изјава.

„Во фудбалот работите не се менуваат така лесно. Јас го користам Клоп како пример. Минатата година Ливерпул имаше 25 поени предност пред вицешампионот и верувавме дека тој е најдобриот тренер. Сега работите не одат многу добро и многумина веќе ја доведуваат во прашање неговата работа“, вели Барнс и додава:

„Да беше црнец, тој веќе ќе ја изгубеше работата во овие две години. Да беше Англичанец, тој сигурно веќе ќе беше отпуштен. Тоа е таа дискриминација во фудбалот. Ливерпул не блеска во моментов, но Клоп е сигурен. Ако имаше некој друг, се сомневам дека тој сè уште ќе беше тренер на Ливерпул“.

loading...

Facebook