Connect with us

Фудбал

Доколку сезоната продолжи, па повторно се прекине поради коронавирусот, Италијанците ќе играат плеј-оф

Серија А ќе биде комплетирана со плеј-оф и плеј-аут доколку продолжи и потоа повторно биде прекината поради коронавирусот, пренесува Националната агенција за печат на Италија.

Ова беше одлучено и на денешната седница на Националниот совет, од каде веќе се пристигнати информации дека рокот за завршување на Серија А е продолжен до 20 август и дека новата сезона ќе започне на 1 септември.

Фудбалската асоцијација се согласи и на опцијата за различен формат за крајот на сезоната, доколку играчите се вратат на терените кон средината на јуни и сезоната повторно е суспендирана поради Ковид19.

Плеј-оф и плеј-аут формат е опишано како кратка фаза од борбата за шампионот и борбата за опстанок што би вклучувала тимови кои се натпреваруваат за најдобро место и се борат да не испаднат од Серија А, Серија Б и Серија Ц.

Во случај на целосно прекинување на натпреварувањето, споменатиот извор известува дека „табелите ќе бидат дефинирани со примена на објективни коефициенти на корекција“.

На крајот, само да додадеме дека клубовите во Италија тренираа според индивидуални програми минатата недела, а групни тренинзи се дозволени од почетокот на оваа недела.

Јувентус беше лидер на табелата пред Серија А да биде суспендиран, но имаше само еден бод повеќе од второпласираниот Лацио.