Connect with us

Други спортови

Докторите со порака до Мајк Тајсон: Не се враќај во рингот

На 12 септември треба да се одржи егзибициски меч, на кој свое враќање во рингот ќе има славниот Мајк Тајсон. Противник ќе му биде Рој Џонсон Џуниор.

Иако напорно работи, а според фотографиите, Тајсон се врати во форма и изгледа застрашувачки, сепак тој има 54 години, а враќањето во рингот може скапо да го чини, предупредуваат докторите.

Тие го советуваат да не се враќа во рингот.

Како причина докторите со кои разговарале дел од американските медиуми велат дека кога старееме, стануваме се повеќе ранливи, а на мозокот му е потребно повеќе време да закрепне. Според нив идејата е многу лоша и може да дојде до тешки повреди за некој од боксерите, кои би можеле да имаат и смртни последици.